НБМ предвидува раст од три отсто во 2012 година

Bez autora
Nov 24 2011

Народната банка на Македонија (НБМ) денеска излезе со макроекономски проценки за 2012 година, според кои се предвидува раст на бруто домашниот производ (БДП) од три отсто, наспроти проценките на владата за раст од 4,5 отсто. Предвидениот раст од три отсто ќе биде поддржан главно од очекуваниот раст на домашната побарувачка, главно инвестициските што е добар показател, додека нето-извозот се очекува негативно да придонесува кон растот. Оценувајќи дека се намалува побарувачката за македонски производи на светските пазари, Богов рече дека се очекува главен двигател на извозот да биде автомобилската индустрија, односно новите фабрики во Бунарџик. Тој информираше дека двете постоечки фабрики веќе достигнале 17 отсто учество во македонскиот извоз, со тенденција на натамошен раст.

НБМ предвидува раст од три отсто во 2012 годинаНародната банка на Македонија (НБМ) денеска излезе со макроекономски проценки за 2012 година, според кои се предвидува раст на бруто домашниот производ (БДП) од три отсто, наспроти проценките на владата за раст од 4,5 отсто.

Гувернерот Димитар Богов на денешната прес-конференција истакна дека предвидениот раст од три отсто ќе биде поддржан главно од очекуваниот раст на домашната побарувачка, главно инвестициските што е добар показател, додека нето-извозот се очекува негативно да придонесува кон растот.

Оценувајќи дека се намалува побарувачката за македонски производи на светските пазари, Богов рече дека се очекува главен двигател на извозот да биде автомобилската индустрија, односно новите фабрики во Бунарџик. Тој информираше дека двете постоечки фабрики веќе достигнале 17 отсто учество во македонскиот извоз, со тенденција на натамошен раст.

НБМ предвидува и значително забавување на инфлацијата на околу два отсто во наредната година и задржување на дефицитот во тековната сметка на 4,8 отсто.

„Ризиците за проекциите и натаму остануваат поврзани со движењето во глобалната економија и високата неизвесност во поглед на времетраењето и длабочината на должничката криза во еврозоната“, истакна Богов.

Главните надворешно трговски партнери на Македонија, како што истакна Богов, Германија, Србија, Косово и Бугарија, за наредната година предвидуваат позитивен раст.

Информирајќи дека основната каматна стапка останува четири отсто, Богов рече дека НБМ будно ги следи секојдневните макроекономски движења во светот и е подготвена соодветно да реагира на сите сценарија. Сепак, изрази оптимизам дека нема да има потреба од такво нешто.

Осврнувајќи се на изминатиот период, Богов истакна дека реалниот раст на БДП во вториот квартал изнесувал 5,3 отсто што е над очекувањата од 4,3 отсто.

Остварената инфлација во третиот квартал од 3,6 отсто е под очекуваното ниво со јулската проекција од 4,4 отсто, додека растот на паричната маса (10,5%) и кредитите (8,1%) е под очекувањата (11,9%, односно 10%).

Во третиот квартал се очекува забавување на годишниот раст на 3,5 отсто, што сепак е над прогнозите во јули од 2,7 отсто, при што главен двигател е личната потрошувачка, додека за четвртиот квартал НБМ предвидува забавување на домашната економија и раст од 0,7 отсто

Проекцијата за растот на БДП за 2011 година останува непроменета од околу 3,5 отсто, при помал позитивен придонес на домашната побарувачка и помал негативен придонесе на нето-извозот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik